Лого
Samsung S3350 Ch@t
Категорија: Рецензии Објавено на: 12.04.2011

Samsung лансираше уште еден телефон од нискиот сегмент - ви го претставуваме моделот Samsung S3350 или познат како Ch@t 335. Со ниската цена, WiFi конективноста и елегантниот дизајн како и тенкото куќиште со QWERTY тастатура со сигурност ќе биде добро прифатен посебно кај помладата популација.




ПРЕДНОСТИ
  • Елегантно тенко куќиште
  • 2.4 инчен екран со резолуција од 320 x 240 пиксели
  • Оптичко навигационо копче
  • QWERTY тастатура
  • 3.5 мм аудио џек
  • Слот за MicroSD до 8GB
  • WiFi конективност 802.11 b/g
  • 2 мегапикселна камера со резолуција од 1600 x 1200 пиксели
  • Стерео ФМ радио со RDS, како и снимање од радио
  • Интеграција со социјалните мрежи
  • Батерија со голема издржливост
  • Достапна цена


НЕДОСТАТОЦИ
  • Нема GPS ресивер
  • Нема оперативен систем
  • Камерата е со просечен квалитет, без блиц и автофокус



Компанијата Samsung очигледно дека е присутна во сите сегменти на мобилните телефони, па така тие го претставија моделот Samsung S3350 Ch@t кој пред се е наменет за младите, за оние кои сакаат брз пристап до социјалните мрежи, WiFi конекција и достапна цена во едно.



Во пакувањето со телефонот следува стандардната опрема, имате 2GB microSD картичка која во зависност од пазарот некаде се испорачува и без неа, полнач и стандардни слушалки. Звукот на слушалките е е со слаб квалитет, но затоа имате 3.5 мм аудио џек па така ќе може да ги приклучите вашите омилени слушалки. Она што недостасува во пакувањето е USB дата кабелот.



Samsung S3350 Ch@t поседува 2.4 инчен екран со 256K бои, тој е хоризонтално поставен и не е на допир. Над екранот се наоѓа логото Samsung како и слушалката. Под екранот (не знаеме зошто) и можеби за првпат ја сретнуваме ознаката WiFi на предниот дел.
QWERTY тастатурата е една од предностите на овој телефон, таа е удобна и лесна за користење, пред се е наменета за четување па брзината на куцање е добредојдена. Тастатурата неодоливо потсетува на онаа од моделите на BlackBerry, што е навистина голем плус.



Оптичкото навигационо копче кое досега беше пример за поскапите телефони, сега се вградува и кај S3350 Ch@t. Копчето како и останатите оптички копчиња работи на допир и има четери насоки и во средина со клик се потврува наредбата. До оптичкото копче се наоѓаат стандардните лево и десно "меко" копче, како и копчињата за повик.



На левата страна на телефонот се наоѓа копчето за контрола на звукот.
На десната страна не се наоѓа ниту едно копче, за жал нема соодветно копче за камерата.

На горниот дел се наоѓа 3.5 мм аудио џек и microUSB портата за полнење и комуникација со PC, која е покриена со пластично капаче.
На долниот дел се наоѓа микрофонот и отворот за подигање на задното капаче.



На задниот дел ќе приметите интересна текстура на капачето, која не дозволува да ви се лизне од рака. На горниот заден дел се наоѓа камерата од 2 мегапиксели, која нема блиц ниту пак автофокус, со што претпоставувате дека има просечен квалитет на сликите. Веднаш под камерата се наоѓа отворот за звучникот. Камерата има опција и за видео снимање со  QVGA резолуција при 15 fps.



Под капачето се наоѓа батеријата со капацитет од 1000 mAh која ветува голема издржливост до 520 часа во мирување и 12 часа во разговор. Под неа е слотот за сим картичка и од страната се наоѓа слотот за MicroSD картичка, која може да ја надградите до 8GB.



На почетното мени ви се наоѓаат иконите за брз пристап до социјалните мрежи и останатите секојдневни податоци. Под нив може да поставите ваши омилени контакти за брз пристап.
Samsung S3350 Ch@t нуди до 1000 записи во именикот со слика и 30 повикани, 30 примени, 30 пропуштени повици, заедно со СМС пораките кои имаат лимит до 200.



Кога се работи за конективноста, тогаш Ch@t има што да понуди, тој има quad-band GSM мрежа, GPRS класа 10, EDGE Класа 10, Bluetooth v2.1 со A2DP, WiFi 802.11b/g безжична конекција и Hi-Speed ​​microUSB 2.0 порта.




ЗАКЛУЧОК

Samsung S3350 Ch@t нуди навистина многу за цената по која се продава, најголема предност која го истакнува од конкурентите од нискиот сегмент е WiFi конекцијата. Од останатите предности не треба да ги заборавиме: тенкото куќиште, оптичкото навигационо копче, кое досега го имаше само кај телефоните од повисокиот сегмент, како и QWERTY тастатурата која е удобна за четување и има изглед на онаа кај BlackBerry моделите.




Коментари


Најново од оваа категорија
Последно додадени телефони
Забавна зона
levo pauza desno
Актуелно на ФОРУМ

ГСМ Македонија © 2008-2011