| Категорија: Новости |
Објавено на: 03.09.2011 |
Малкумина знаат дека гигантот Самсунг започнал како фабрика за тестенини во 1938 година.

Подоцна за време на Корејската војна во 1947 година се прфрла во бизнисот со шеќер, а вистинскиот успех го доживува како текстилна компанија од 1954 година.
Новосоздадениот профит како текстилна компанија, сопственикот го диверсифицира најнапред во осигурување и трговија, а од доцните 60-ти години и во електронска опрема. Како главна развојна стратегија било окрпнувањето, индустријализацијата, но и заштитата на домашното производство од странски производители.
Така Самсунг станува успешен со децении да лобира за забрана за увоз на разни странски електрични производи. Во 80-тите години Самсунг се впушта и во телекомуникацискиот бизнис.
Годишниот обрт на групацијата во 2010 година изнесувал 200 милијарди долари. Вработува 276000 лица, а најголема производствена инвестиција му е 9 милијарди вредниот погон за полупроводници во Остин, Тексас.
Коментари
Најново од оваа категорија