Nokia навистина многу се труди да ја врати изгубената доверба и продажбата од минатото. Новите смартфони со Symbian^3 ОС се само дел од нивните оружја, но овојпат ќе рецензираме еден уникатен и интересен модел - Nokia X3-02 Touch and Type.
Новата линија на Nokia наречена Touch and Type e спој на класичен изглед со тастатура како и екран на допир, филозофија која сеуште не е докажана на дело. Па да ги разгледаме неговите предности и недостатоци.
ПРЕДНОСТИ
Quad-band GSM/GPRS/EDGE поддршка
Quad-band 3G со 10Mbps HSDPA и 2Mbps HSUPA поддршка
Солиден квалитет на изработка, тенок и лесен, метал користен за куќиштето
2.4 инчен екран на допир со 256K бои и QVGA резолуција
S40 6-та едиција кориснички интерфејс
5 мегапикселна камера со фиксен фокус
VGA видео снимки со 15fps
WiFi b/g/n
Стерео FM радио со RDS, Visual радио
Bluetooth v2.1 (со A2DP)
MicroUSB порта за полнење
USB On-The-Go
Слот за microSD картички до 32 GB, 2GB вклучена
3.5 мм аудио џек
Иновативни вибрации при допир
НЕДОСТАТОЦИ
Мал екран за телефон на допир
Нема мултитаскинг
Нема GPS
Камерата е со фиксен фокус
Нема прегледувач на документи
Нема паметно бирање
Нема камера за видео повик
Нема акцелерометар сензор
Има многу недостатоци кои се пропуштени кај овој телефон, но едни од најголемите предности е екранот на допир како и WiFi конекцијата која е реткост кај телефони од оваа класа.
Во пакувањето со телефонот следуваат: полнач, USB кабел и стандардни слушалки. Секако тука е и MicroSD картичката од 2GB.
Nokia X3-02 Touch and Type има димензии од 106.2 x 48.4 x 9.6 мм, тој е навистина тенок и компактен иако има тастатура и екран на допир. Иако има метал во изработката тој има маса од само 77.4 грама. Овој модел е еден од најубавите и најдобро оптимизираните S40 телефони на Nokia, со малите димензии, лесното куќиште и спојот на допир и тастатура заедно со класичниот изглед, најверојатно дека ќе го направат бестселер, модел кој ќе биде запаметен.
На предниот дел се наоѓа TFT екранот со големина од 2.4 инчи, тој има QVGA резолуција и 256К бои. Квалитетот на сликата е доволно добар за еден ваков телефон. Иако нема да не воодушеви екранот на допир, сепак се работи за стандарден екран на допир но со доволно добра осетливост. Интересен детал е вибрацијата кога ќе кликнете на екранот, таа вибрира токму онаму каде што сте кликнале. Незнаеме точно за каква технологија се работи но работи и е навистина интересна.
На левата страна се наоѓа само еден од држачите за капачето, додека на десната страна се наоѓа вториот држач за капачето, копчето за заклучување, копчето за контрола на звукот и отворот за врвка, за жал нема соодветно копче за камерата.
На горниот дел се наоѓа MicroUSB портата, 3.5 мм аудио џек и стандардниот тенок пин за полнење. MicroUSB слотот неможе да се користи за полнење. На долниот дел се наоѓа звучникот.
На задниот дел се наоѓа само камерата од 5 мегапиксели, целиот заден дел изгледа минималистички но и класично. Металното задно капаче до одреден дел го нагласува квалитетот на куќиштето. Под капачето се наоѓа слотот за SIM картичка, за мемориска картичка MicroSd како и батеријата BL-45 со капацитет од 860 mAh. Батеријата ветува одлична автономија на работење од 5 часа и 20 минути во разговор и 408 часа во мирување.
Nokia X3-02 Touch and Type работи на S40 6-та едиција кориснички интерфејс, па така за многумина изгледа познато и достапно, овојпат се работи за првпат кај овој интерфејс на допир, па така имате различни икони и фонтови.
Камерата од 5 мегапиксели за жал е со фиксен фокус, па така неможе да очекуваме некои перформанси од неа. Максималната резолуција на фотографиите е од 2592 x 1944 пиксели, интерфејсот на камерата е основен со базичните функции кои се потребни. Исто така разочарувачко е видео снимањето со VGA резолуција при 15 fps.
Nokia X3-02 нуди quad-band GSM и UMTS поддршка, на располагање ја имате и HSPA поддршка со 10.2 Mbps. WiFi конекцијата е исто така овозможена кај овој телефон, всушност овој модел е еден од најефтините телефони со WiFi конекција
ЗАКЛУЧОК
Nokia X3-02 Touch and Type е навистина уникатен телефон кој ги соединува екранот на допир и тастатурата во еден класичен изглед. Можеби s40 интерфејсот ви изгледа едноставен, сепак се работи за ефтин смартфон кој има што да понуди. Со иста концепција, во конкуренција на X3-02 спаѓа моделот Nokia C3-01, кој има слични карактеристики. Како и да е, во последно време конкуренцијата на телефони со екран на допир па и во нискиот и средниот сегмент е навистина голема, па моделот Nokia X3-02 Touch and Type со неговата уникатност и практичност очекуваме да се избори на пазарот.