Film izle Sinema izle porn travesti porno sex porno sex porno porn sex porno sex porno porno porn kiz oyunlari oyna oyun r57.txt c99 shell hackerbox GSM Macedonia
Лого
Nokia C3
Категорија: Рецензии Објавено на: 23.03.2011

Nokia C3 е модерен и социјален, едноставен но сигурен. Главната одлика на овој телефон е QWERTY тастатурата која секако на младите им користи за пораки и четување на социјалните мрежи. Па може да погодите и која е целната група на овој телефон.

Рецептот на ефтин телефон со убав изглед и свежи бои + солидни перформанси е вистинската комбинација која ја употреби Nokia. За цена од околу 100 евра тој се очекува да биде бестселер и да ја привлече помладата популација.




ПРЕДНОСТИ
  • QWERTY тастатура
  • Quad-band GSM/EDGE
  • 802.11b/g Wi-Fi поддршка
  • Солидна SNS интеграција со социјалните мрежи, со соодветни копчиња и икони на позадината
  • 2.4 инчен екран со 256K бои и QVGA резолуција, како и одлична видливост под сонце
  • 2 мегапикселна камера со фиксен фокус
  • QVGA видео снимки со 15fps
  • Series 40 кориснички интерфејс, 6-та едиција
  • Стерео FM радио со RDS, Visual радио
  • Bluetooth (со A2DP)
  • Стандарден microUSB порт
  • Слот за microSD картички (до 8GB, 2GB вклучена)
  • 3.5 мм аудио џек
  • Одличен квалитет на звук
  • Достапна цена


НЕДОСТАТОЦИ
  • Нема 3G
  • Слаби перформанси на камерата, нема автофокус ниту блиц
  • Слаби перформанси на видео снимките
  • Series 40 корисничкиот интерфејс е веќе застарен и досаден
  • Нема мултитаскинг
  • Не се полни на microUSB портата
  • Нема USB кабел во пакувањето со телефонот
  • Нема прегледувач на документи
  • Нема паметно бирање


Nokia C3 е социјален гаџет наменет пред се за помладите корисници, за оние на кои Facebook им е втор дом и за оние кои се во постојан контакт. Атрактивниот дизајн и солидните перформанси како и достапната цена се најголемите атрибути на овој интересен телефон.



Nokia C3 доаѓа во стандардно пакување во кое ќе добиете наједноставни слушалки со 3.5 мм аудио џек и полнач, за жал нема да најдете USB кабел во пакувањето со телефонот. Секако да не ја изоставиме и 2GB мемориската картичка која е вклучена заедно со C3.



Компактните димензии од 115.5 x 58.1 x 13.6 мм и масата од 114 грама се повеќе од задоволителни, тој одлично "лежи" во рака и е удобен за користење/куцање.
Тој има добро избалансиран квалитет-цена па така иако е навистина ефтин, материјалите од кои е изработен се на доволно високо ниво и изгледот исто така не остава впечаток на ефтин телефон.



Споредбата со E71 или Е72 е навистина смешна, но донекаде наликуваат иако се работи за голема разлика.
На предниот дел доминира 2.4 инчниот екран со 256K бои и QVGA резолуција, тој има навистина одлична видливост под сонце. Под екранот се наоѓаат копчињата со едноставниот D-pad, како и QWERTY тастатурата.



На левата страна се наоѓа MicroUSB портата и слотот за MicroSD картичка, тие се заштитени со пластични капачиња си што се заштитени од надворешните влијанија.



На десната страна нема никакви копчиња, всушност C3 нема соодветни копчиња за контрола на звукот и копче за камерата.
Капачето за батеријата се ослободува со притискање на двата зглоба од страните, исто како кај моделот Е71 на пример.

На горниот дел се наоѓа конекторот за полнач и 3.5 мм аудио џек.



На задниот дел се наоѓа матирана пластика, наместо сјајната на предниот дел, во горниот дел се наоѓа 2 мегапикселната камера со фиксен фокус и отворот за звучник.
Под капачето се наоѓа батеријата од 1320 mAh, која ветува импресивни 800 часа во мирување и 7 часа во разговор.



Nokia C3 работи на S40 интерфејсот кој е направен да наликува на Symbian S60 v3. На позадината се додадени повеќе икони и пристап до социјалните мрежи.

Камерата од 2 мегапиксели и фиксен фокус воопшто нема да ве импресионира, сликите се со резолуција од 1600 x 1200 пиксели но со низок квалитет.
Квалитетот на сликите е слаб дури и за 2 мегапикселна камера, исто така и видео снимките се со слаба резолуција и фрејмови, но сепак се работи за ефтин телефон па може да замижеме за квалитетот на камерата.



Можеби надоброто нешто покрај QWERTY тастатурата е поврзувањето со WiFi мрежите, за конекциите секако се задолжени и quad-band GSM/EDGE поддршката, но за жал нема 3G поддршка.




ЗАКЛУЧОК

Индустријата на мобилни телефони е навистина голема и секојдневно се "раѓаат" по неколку модели, па секој производител се стреми кој поефтини модели со добри перформанси и секако дел од колачот на продажба на мобилни телефони. За класите нема да зборуваме, но Nokia C3 се наоѓа во ниската класа заедно со моделите LG GW300, Blackberry 8120 и донекаде може да се спореди со моделите Nokia E5 и Nokia E63.




Коментари


Најново од оваа категорија
Последно додадени телефони
Забавна зона
levo pauza desno
Актуелно на ФОРУМ

ГСМ Македонија © 2008-2011