Се случува на некои компјутери кои работат на Win7 да ви се појави следната грешка:
Овој проблем можете едноставно да го решите со тоа што ќе го наместите датумот на компјутерот за 1~2 месеци назад. Подигнете ја апликацијата повторно, треба да се стартува без никакви проблеми.
Забелешка: Доколку имате Win7 и ви се појави грешката "Your computer is blocked to run this application" или нешто слично, кликнете со десен клик на иконата од iPhoDroid, и изберете "run as administrator".
Кога ќе се подигне iPhoDroid, ќе ви се појави следниот прозорец:
Поврзете го вашиот iPhone со USB на компјутерот и кликнете "Shoot"
После неколку секунди апликацијата ќе го детектира вашиот телефон и ќе започне со екстрактирање на потребните драјвери и фајлови за Android драјверот за допир, ова ќе потрае само неколку минути, и е комплетно автоматски.
Откако процесот ќе заврши, телефонот ќе се рестартира и ќе влезе во Recovery Мод. Стартувајте ја апликацијата iPhoDroid повторно и кликнете на "Exit Recovery Mode" за да го вклучите телефонот.
Инсталацијата е завршена. Уживајте во Android на вашиот iPhone.
Забелешка: Овој Туторијал е правен со iPhone 3g и кај неколку членови од http://forum.gsm.mk/ успешно функционира.