| Категорија: Рецензии |
Објавено на: 15.03.2011 |
Компанијата HTC изработува навистина квалитетни, напредни и моќни смартфони, па така за да се справат со конкуренцијата на Android смартфони, тие го лансираа моделот Desire кој има силни атрибути да стане бестселер.

ПРЕДНОСТИ- Quad-band GSM и dual-band 3G поддршка
- 7.2 Mbps HSDPA и 2 Mbps HSUPA поддршка
- 3.7 инчен AMOLED капацитивен екран на допир со WVGA резолуција (480 x 800 пиксели)
- Android оперативен систем v2.1 со кинетичко лизгање и pinch зумирање
- Тенко куќиште и одлична изработка
- Qualcomm Snapdragon QSD8250 1 GHz процесор
- 576 MB RAM и 512 MB ROM
- 5 мегапикселна камера со автофокус и LED блиц, гео-означување
- Видео снимки со WVGA резолуција (800 x 480 pixels) при 15fps
- WiFi и GPS со A-GPS функција
- Слот за microSD картички, 4GB вклучена
- Акцелерометар сензор и сензор за оддалеченост
- Стандарден 3.5 мм аудио џек
- Стерео FM радио со RDS
- MicroUSB порта (за полнење) и стерео Bluetooth v2.1
- Оптичко навигационо копче со средишно копче
- Паметно бирање
НЕДОСТАТОЦИ- Разочарувачки квалитет на видео снимките
- Ограничена внатрешна меморија од 120 MB за инсталирање на апликации
- Нема DivX и XviD видео репродукција
- Нема говорно бирање
- Мемориската картичка е под батеријата

Додека Google Nexus One се испорачува само во одредени држави, неговиот брат близнак HTC Desire, веќе се продава низ целиот свет. Всушност тие се разликуваат но и наликуваат еден на друг, трекболот на Nexus One е заменет со оптичко навигационо копче кај HTC Desire. Копчињата се хардверски за разлика од оние на допир кај Nexus One, секако најновиот Sense кориснички интерфејс.

Некои платформи не се менуваат со години, но затоа Android оперативниот систем се развива и менува со голема брзина. Desire го поседува моментално најјакиот хардвер како и најновиот Android ОС. Па да видиме за што и како е способен овој Desire.
Малата кутија во која се наоѓа HTC Desire наликува на останатите модели од оваа компанија, во неа ќе најдете се што се очекува од еден high-end телефон. Тука се USB полначот, стандардниот MicroUSB дата кабел, стерео слушалките со контрола на музика, 4GB мемориска картичка, како и здодевните упатства.

Дизајнот на Desire е минималистички, тој наликува на моделот Nexus One како што споменавме но и на HTC Legend посебно во долниот помалку закривен дел. Димензиите од 119 x 60 x 11.9 мм и масата од 135 грама совршено одговара за овој модел.

На предниот дел доминира 3.7 инчниот AMOLED капацитивен екран на допир со WVGA резолуција (480 x 800 пиксели), над него се наоѓа слушалката како и сензорот оддалеченост и сензорот за осветлување.
Под екранот се наоѓаат стандардните копчиња наменети за Android смартфоните, овојпат тие се хардерски но се практични за користење. Помеѓу нив се наоѓа и оптичкото навигационо копче.

На левата страна се наоѓа големото долго копче за контрола на звукот, додека десната страна е празна, можеби очекувавме соодветно копче за камерата, но сепак нема.
На горниот дел се наоѓа 3.5 мм аудио џек, како и копчето за вклучување/исклучување на телефонот, кое истовремено служи и за заклучување.

Вообичаено на долниот дел се наоѓа микрофоноти MicroUSB портата, наменета за дата кабел и за полнач.
На задниот дел се наоѓа 5 мегапикселната камера со автофокус и LED блицот како и отворот за звучникот, под нив е сребреното лого на HTC и најдолу натписот "With HTC Sense".
Под капачето се наоѓа слотот за сим картичка и microSD картичка како и батеријата од 1400 mAh која ветува 6 часа и 40 минути во разговор и 360 часа во мирување.

HTC Sense корисничкиот интерфејс за првпат се појави кај моделот Hero, па така најновата верзија на Sense КИ се наоѓа и кај моделот Desire. Со навистина моќниот хардвер, RAM и процесор, користењето на овој смартфон преставува вистинско задоволство. Секако дека и Android v2.1 оперативниот систем исто така одлично "лизга" благодарение на моќниот хардвер.

HTC Desire поседува 5 мегапикселна камера со автофокус и LED блиц, како и функција за гео-означување. Максималната резолуција е 2592 x 1936 пиксела. Интерфејсот на камерата е на доволно високо ниво како и квалитетот на фотографиите. За жал недостасуваат модерните функции како на пример препознавање на лице и насмевка.

Кога се работи за конекциите, тогаш дефинитивно поседува се што посакувате, тука се quad-band GSM/GPRS/EDGE како и dual-band (900/2100 MHz) 3G со HSPA. HSDPA има брзина од 7.2Mbps додека HSUPA до 2Mbps.
Од локалната конекција на располагање ви се: USB v2.0 конекцијата преку microUSB портата, Bluetooth v2.1 со A2DP поддршка и секако WiFi. Тука е и трансферот на податоци преку Bluetooth.

GPS навигацијата е овозможена преку вградениот GPS ресивер, позиционирањето и поврзувањето е за околу две минути без вклучен A-GPS што е навистина солидно.
ЗАКЛУЧОККонкуренцијата на high-end смартфони со Android оперативен систем е голема, па така Desire треба да се бори со неговиот брат Nexus One, Samsung Galaxy S, Sony Ericsson Xperia X10 како и останатите смартфони кои спаѓаат во овој сегмент. Како најголем конкурент е моделот Galaxy S, кој има поголем екран со Super AMOLED технологија.
Коментари
Најново од оваа категорија