Лого
Епл го претстави новиот iPhone 4S
Категорија: Новости Објавено на: 05.10.2011

Како што беше и најавено, за прв пат на сцената во Купертино, Калифорнија се искачи новиот генерален директор Тим Кук, која ја имаше честа да претстави нов уред на Apple, откако легендарниот генерален директор Стив Џобс мораше да се повлече од здравствени причини.

Беа презентирани повеќе новости поврзани со iOS платформата, новата линија и пониски цени за iPod nano и iPod Touch, но очекувањето беше свртено кон претставувањето на новиот iPhone.


Сепак, на изненадување на многумина, компанијата се одлучи да претстави само подобрена верзија на нејзиниот најдобро продаван iPhone 4, без никакви измени во надворешниот изглед. Промените се во внатрешноста, која е редизајнирана и во неа ќе ги има следните новини:

  • дуал кор А5 процесор
  • нова 8 мегапикселна камера со нова оптика
  • 1080p HD видео снимање
  • графички чип со 7 пати подобра графика
  • меморија со 16/32/64 гб
  • Bluetooth 4.0
  • двојно побрз 3G интернет со брзина до 14.4 Mbps

Сепак, најголемиот дел од објавувањето беше посветено на новините во софтверските решенија, меѓу кои најголемо внимание привлече новиот говорен асистент Сири - кој го разбира природниот говор на човекот и извршува команди како читање и диктирање на смс пораки, емаилови, пребарувања на интернет, забележување на потсетници и друго.

Други новини во софтверскиот дел кои беа најавени се:

  • iCloud - сервисот за бежичен бекап на сите iOS/Mac/PC уреди
  • интеграција на Twitter во оперативниот систем
  • вграден видео и фото едитор
  • нов нотификациски систем
  • апликација за потсетници
  • апликација за испраќање на честитки по пошта
  • апликација за ГПС лоцирање на вашите пријатели
  • iMessage апликација, за бесплатни текстуални пораки и друго

Новиот iPhone 4S ќе почне да се продава на 14 октомври во 7 земји, а до крајот на месецот во уште 28 земји.

 




Коментари


Најново од оваа категорија
Последно додадени телефони
Забавна зона
levo pauza desno
Актуелно на ФОРУМ

ГСМ Македонија © 2008-2011